Sedi ne me znaes

Saturday, April 22, 2006

ВЕЛИГДЕЕЕЕЕН ЈеееееееееееС!


Како тргнала работата, јас изглеа постирам само од празници на празници. Знам ме немаше,зошто,како не знам да ви кажам најискерно, а ако ме прашате кај бев - па стварно кузне кај бев и што праев. Ма да знам како ги потрошив овие неколку слатки месеци и за кој, не знам колку вредеше, ама тоа и не е битно - БИТНО ни дојде ВЕЛИГДЕН. А Велигден мене ми е посебно важен, и отсекогаш ми бил и ќе биде посебен ден за мене. Ден на чуда, ден кога се може да се случи. Тогаш излегуваме и шетаме, шетаме,обавезно денот се дочекува надвор. А тоа не е така импозантно ако не се направи на Велигден. Епа ритуалот ни е отприлика вака,мислам ритуалот со оние што секогаш се тука за мене и со оние сокои имам поминато една добра половина од животот,а може и повеќе. А Велигден не е Велигден ако не си поминеш најубаво и со оние кој ги сакаш.А да нели рековме ритуалот. Се оди надвор уште од 8 до 9 се купва најубавата свеќа( читај се навраќа со ова на старите добри времиња од детството),значи се одбира некоја во јааака боја најчесто форма на јајце или кокошка:)))А после, после се седи некаде на страна и се прави една трач пауза.После кога ќе почне градската шема се оди на најкремското место,добро сеа не мора да е тоа,ама одиме кај одиме,тоа каде се осеќаме како дома, се журкаме,се жууууркаме и после во 11 и нешто се оди пак во парк.Па нели она 10,9,8,7 ииии ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! Целата таа атмосфера кога ѕвоната ќе забијат, не може да се замени со ништо на светот.И за Велигден ако не си дома, не е тоа Велигден.Само дома си е дома, ќе ми шепне секој друм,каде и да одам во мисли таму сум,на Велигден штом ѕвона забијат,милион ѕвезди горат за Македонија... И Велигден е ЕУФОРИЈА! Убавина! Насмевка! Сите мисли тогаш се мешаат во едно,сите сме едно, мислиме како 1 и чувствуваме за еден! И после парк, после големата толпа и откако ќе се сети таа атмосфера, кога ќе се почуствува мирисот на изгорени свеќи и кога ќе се изгазат еден куп љушпи од прекрасно спремените јајца, е тогаш забавата може да продолжи!!!
И тоа каде ако не во некој ноќен клуб, си знам јас каде, пак каде што ми е најубо и кај што ми се сите и тогаш велиме ЖУРКА И би ЖУРКА! Играј цело време на најдобрите песни и се е ТОП! А да заборавив да ви кажам за празници сум Тоше - сите ги сакам! Ме фаќа некоја еуфорија и тогаш сите ги сакам, екстра ми е се! Целиот свет си е убав,
добро сеа не дека друг пат не е, ама ќе ви кажам како ми пројде и овај! И за крај, да не заборавите на враќање за дома да си ја оставите свеќичката запалена и да ја разбудите целата ваша уличка од вашите прекрасни (под)(на)ПИЕНИ гласчиња и малце да подремите до изгрејсонце пред зграда или пред куќа сеедно и ајде, да ве видам ПОЧУСТВУВАЈТЕ ГО ВЕЛИГДЕН!!! ------------->

Saturday, December 24, 2005

Praznici se blizat, praznici se blizat...


Во Новата Година Ви посакувам да можете да ги осетите едноставните секојдневни задоволства... тие мали ѕвезди на небото!!! Ајде сакам да видам задоволни, насмеани лица, многу насмевки... Петок ќе ја добиете најлудата журка, изжуркајте се најдобро што можете за токму 2006 година да биде вашата година за паметење...Година со најубави моменти! Испланирајте се, се е важно! И не заборавајте, таму под елка оставете по некое подароче за најблиските, за сите оние кои ви значат нешто! Бидете малку Дедо Мраз! А на полноќ во 00:00 кога стрелките на часовникот ќе се поклопат, не заборавајте да си посакате нешто, да си замислите желба! И секогаш тие моменти се паметат, а токму тие желби се исполнуваат! На полноќ се палат запалки, на полноќ се љубат сказалки, а кому ли она вечерва нуди усни место вечера...
И не е важно каде си... Важно е со кого си. А кој е мојот омилен начин да ја дочекам најлудата ноќ?Епа токму ова планче, се чини дека пола ми е веќе остварено, а останатото до година! Прво, си изнајмивме една гооолема куќа на 2 спрата, во големиот салон не чека огромна елка и бенд во живо... Ќе ги свират нашите омилени хитчиња... А балони, балони насекаде...Во разни бои... Светла исто така во разни бои... И на првиот спрат ќе биди најлудата журка... И забавата може да започне! А вториот спрат не ни го даваат!!! Не е битно, реков за тоа до година... А до година боже здравје не чека и еден гоолем базен со лудо новогодишно капење! Ама здрави живи до в година...И не чекајте! Ајде одма помислете по што ќе си ја запаметите старата 2005, што ви се исполни, кои ви беа најдобрите моменти и дали се исполнија сите ваши очекувања? Времето е солза, а ти не смееш да дозволиш да падне без причина.
А сега, ајде сите на предновогодишни журки! Ако не за друго, да се загрееме за она најважното... Јас нема да прошуштам ни една од нив, па мора да си имам кондиција за петок...
И 5, 4 ,3, 2, 1 ....
Нека ни е со среќа !!!

Saturday, December 17, 2005

Епа мили мои редно беше...



Епа знам дека бескрајно ви недостигав, ама не очајувајте. Еве ме повторно. Не, во никој случај не ве заборавив, туку само чекав да се вратам со некоја пре пре добра причина. Па не сакав да ве замарам за фудбалот на село...Или да речеме си бркав романтики па немав време. Како и да е треба да се мисли и на земските задоволства ,инаку за што живееме? I'm just kidding:) И ај да се вратиме на добрата причина.А денес мислам дека ја има.Најповеќе од се!!! Ако не друго сигурно приметивте на вашиот ценет дисплеј од мобилните телефони, гордо стоеше натписчето Честит кандидатски статус цел ден! Ех, колку гордо тоа звучи! И стварно нема подобра причина за прославување од тоа! Не знам за вас, можи не ви значи ништо, ама јас како и по обичај се радвам со многу мали нешта, ма да ова воопшто не е мала работа. И се би дала да се најдев на една прекрасна прослава, на концертот на плоштад,ама времето за нигде, уствари што ми фали и вака... Најдобро, славје во домашни услови. Во секој случај мора да се прослави. Денес ќе се испијанам за да го запаметам денот. И тоа со пријателите. И ќе направиме некоја глупост. Ќе направиме еден голем Снешко. И ќе испукаме еден куп петарди. Ќе ечи гласна музика.Ќе го викнам другар ми ДЈ. Ди ди ди ди џеј, пушти добра музика ооо ди ди ди џеј сакам добра забавааааа.... Ќе се игра , ќе се денса и не спиеме цела вечер. Не за џабе сама сум во станот. Ако треба и незгодните комшии нека дојдат на журот, само нека не викаат полиција. И се ќе биде океј. Заедно ќе славиме, зашо заедно сме посилни од се... Е па колку ме израдува тој Тони Блер... И како и да е,само добро нека е...И од сите грла песна нека се разлее... И не е шега! Јес , добивме кандидатски статус, за некоја година ќе бидеме и ние дел од големото семејство наречено Европска Унија! Нека ни е со среќа и Честито! А дотогаш останете ми со здравје, среќни, весели, насмеани и најбитно од се ОПТИМИСТИ! Затоа што чашата е секогаш до полу полна, а не полу празна :))))))

Friday, September 23, 2005



Еиии... Па баш ова зачудува. Вашата Аурора да ти била филозоф и да не знаела... НЕ ле. А и башка неоткриен талент. Нејќите да и ја знаете оцената по филозофија во средно, всушност она си знае, ете ја бивало да филозофира, она секогаш има одговори на се, а ваму професорот нема ... Ц ц ц ц. Како и да е се ок заврши. Ај тоа и не е така важно, јас сум носела филозофска жичка, а не сум била ни свесна. И да речеме овие денови, Аурора вос бизи. Да речеме деловно отсутна на пат. Или за сопствен ќеиф. И ова - Аурора никогаш не спие. Ноќна птица е, и оваа недела како што не сум спиена-никогаш. После се, покрај се, ова беше дообра недела. Недела на ... адреналин...адреналин...адреналин. Колку само уживање може да се собере во едни единствени 5 мин ? Колку возбуда има само на работ помеѓу сонот и јавето, врисокот и тишината? Сакам, обожавам РОЛЕРКОСТЕРИ. Наеднаш светот е твој и само твој, небото на дланка, а срцето... Е срцето негде до твојата Ахилова Пета. Кој како сака нека си сфати. Ама животот е еден и единствен, треба да се живее сега и одма, па се би дала да си купам уште тро од филингот што го имав. Па и животот на некој начин е возење со ролеркостер : трае кратко, полн со искачувања и паѓања, непредвидливи свиоци, нагли свртувања, а при крајот сакаш УШТЕ! Низ цело патување - пречки и НОВИ ВИДИЦИ! Фати се за Даб - ха! Шала на страна, ама ролеркостер рајд не може да се опишува, треба само да се доживее. А и што размислувам деновиве? Па да си конструирам еден ролеркостер за дома ,ако не за друго ќе си го гледам и ќе се радвам! The LiFe iS MeAsURed By ThE NuMBer Of TimEs YouR sOul is StiRREd!!! Па и за некои работи безусловно вреди да се ризикува , а и како ќе знаеш ако никогаш не си пробал??? Сакам се да видам...Се да пробам!!!!Мен , сакам екстрим спортс!

Sunday, September 04, 2005

Легендарното ЗоШтО?


Има многу прашања и уште повеќе одговори, ма да мене во последно се ми почнува на Зошто. Реално, има многу Зошто и уште повеќе утехи наречени ЗаТоА. Еве дел од мојот топ 10 Зошто, актуелен деновиве ...Зошто никако да се свестам дека летото ете ни го, помина, па сега мора да се оди на училиште? Знам, доста беше одмор, но не можам да се навикнам на станување рано, гледање корици од книги, клупи и истиот стар и добар пат до мај скул... Се нешто ми се гледаат журки, море, плажи, сонце... Второ, ЗОШТО ни е љубовта? Разделбите болат многу, а и LoVe iS pLayIng The GaMe WhEn yOU aLReAdY kNow tHe ScOre, па тогаш што? Зошто солзи пролеани, душички исмеани, векови заедно поминати и засекогаш заљубенИ? Зошто правила, прописи, норми, закони?Зошто да постојат граници за се, до каде смееш и не смееш да одиш? И секако, мајглупавите, оние т.н. непишани закони. Ако ме прашате мене ThE SkY iS NoT a LImiT. Зошто насекаде околу нас, има по некој Хипокрит во некој си облик? Зошто живееме со надеж, а надежта никогаш и не сме ја виделе? И најинтересното за мене, зошто се се слева како брза река што без здив соголува стрмоглави ридови и долови без дна? Зошто времето толку брзо си лета, па дури да се свртиш сфаќаш дека се се случило?И за крај, од почеток се, и јас продолжувам од овде, нова светлина, живот нов...А крај не постои знам, крајот е само раѓање на еден нов почеток, полн со 1000 зошто и уште толку затоа...
И пак од почеток ЗОШТО, ете баш ти обајсни ми!!!

Saturday, August 27, 2005

Brand names



Најдобар начин да ги излечеш твоите комплекси ха ----> барем на многумина денес тоа им успева. Ќе купат парче Енерџи, овај де Дизел, ќе се олеснат за неколку илјади денарчиња и сега охохохо...Шема ќе праам, фраер сум, маж нема, дизел носам аааа.... Штом е толку скапо, а мора да е финта, ќе се фурам низ град. Ќе си праам филм, зашо да не. Ќе искочам сега да ги прошетам новите патики. Ааа Дизел е финта е. А ќе тркнам и до Мек Доналдс и ќе пијам Кока Кола, ма ја човеку само со брендови се дружам. Цвикериве ми мои Полис. Ма што ви е на вас... Е тоа му е муабетот на Мистер Ступид, т.н. СтритКинг. А тој уствари и не знае дека сите сеир си бркаат, бар јас сите што размислуваат како него ме паѓаат од смеа редовно. Ако си фраер, фраер си и со Енерџи и без Енерџи. Ако те сакам, ќе шизнам по тебе и со Полис и без нив. Ама има некои кутри душички, кои не се сигурни во себе, и сигурноста ја бараат секогаш во т.н. Бренд нејмс. Да де, сите го купуваат тоа, па дури и славните фацки што значат нешто, вау мора да е кул. Комплексот е ужасна работа и чувството да сакаш да покажеш авторитет пред некој. Па нели, со пари се се купува. Ќе даеш 6-7 илјадарчиња и сите што лесно се лажат, одма ќе те гледаат со други очи. И пали тоа, ама не и кај мене. Мистерот се облака не за он да се чувствува удобно, туку да го видел градот. А мене живците твистер ми играат. Се занесуе и се прцка, па и башка да ме возел со колата. Амиии одма... Пазете девојки, има многу квази фраери. Мангуп не се станува преку ноќ , мангупите се раѓаат, носат шмек во себе.
Уште ова--->Добро сега, не дека нe ми се допаѓаат парчињата во Енерџи или Риплеј, напротив шема се, ама кога ги купувам, ги купувам за мене и кога излегувам се шетам јас, а не ја шетам Сукњицата од мис Сиксти. А да и на фармерките не ја ставам блузицата внатре, за да се читала етикетата Риплеј.И не си цртам знакче Е на сите алишта Свашта. А дека цените се испозанесени, испозанесени се. А дека и јас некогаш се подлажнувам на попустот, е тоа да. Ама со сите градски Мистери и Мисс Ступидити ,( блазеси ми умот ме служи сеуште)- еее, со нив , не си можам сеуште. А да, и не пијам Кока Кола само затоа што рекламите му се лудница. Бљак, најгрдиот пијалок!

Sunday, August 14, 2005


Прво и основно - еве ви чоечка боја на постот за да не ги оставите очите пред компјутер, сериозно не се за фрлање. И што ќе ви кажуев денес? А да. Секогаш верувајте во она старо, излитено, но вистинско :,, Немој не прај така ќе го расипеш времето" или ,,Ќе умри некое магаре". А сега денес баш е Реини деј работата. И немојте ни да сте прашале зошто? Ако и во вашиот град денес врнеше, да знајте од мене е. Еднаш во цело лето решив да го извадам точакот од мојата ценета гаража и ооооп ај ќе одам до кај другарка ми на другиот крај на градот (читај 2км).Е ај, си реков нека биде прво па мушко. А милиот ми точак си го имав скроз забораено, поради љубените ми ролери, кои си ги сакам најмногу на свет. И така среќно и испотено стигнав кај другарка ми и денес, да денес беше еден убав сончев ден. И тоа беше подобриот дел од денот. На враќање не знам од каде, возам така само 2 минутки и наеднаш се истури, ама буквално се истури од врнење. И не само тоа. Ветар дува, нашите сакани нечисти улици ме наполнија со песок во очи, а башка се изнајадов камчиња( од каде не знам ,ама важно ги пробав), каква олуја беше тоа не знам ни сама. Жив чоек по улиците немаше, освен некои бадијалџии испоседнати у тоа кафулињата и се чудат браќата од која планета паднала оваа и + тоа и на точак?!А јас, ни угоре , ни удолу. Работата не е ни да продужиш, ни да се вратиш назад. И ај сеа... И си реков, супер е да возиш на дожд, не грешка кул е да возиш по олуја. Најозбилно чувството да си сам на улица, ништо пред тебе да не гледаш, а брзаш ко луд да стигнеш дома не може да се замени со ништо. И не знам како стигнав дури 2 пати побрзо од обично. Мора да сум се утепала од брзање. Не мора да кажам дека се вратив ко покиснат мачор, ама вредеше. Супер си поминав, бар досега не сум возела на дожд. И ве молам во иднина не праите чудни работи ко мене аман, оти греота е да го расипите времето! А да и тоа со магарето е точно, ко ќе речат ќе умри некое магаре, ама ај друг пат за тоа... Аиии не помина ни пола сат , ете ти го пак сонце излезе, ајдееее??????